Владата одлучи угостителските објекти да работат до 21 часот и препорача навечер да нема движење без потреба

0
88

Скратување на работното време на угостителските објекти до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна, е мерката што ја усвои денеска Владата по предлог на Комисијата за заразни болести за да се спречи ширењето на ковид-19

Оваа одлука за работното време важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а од неа се исклучени угостителските објекти на аеродромите во Скопје и во Охрид.

На владината седница донесена е и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор по 21 часот, како и препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на државата по 21 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби