Мицкоски до Каракачанов: За јазикот прочитај го Блаже Конески

0
127

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, испрати одговор до бугарскиот минситер за одбрана, Красимир каракачанов, дека македонскиот јазик е „балканско есперанто“.

Мицкоски му порача на Каракачанов да се образува и да го прочита делото на Блаже Конески.

Истовремено, Мицкоски испрати порака и до владата на Зоран Заев да најде храброст да се бори за македонските национални нтереси и да реагира на неточните изјави на бугарските официјални претставници.

Силно му препорачувам на министерот од Владата на нашиот источен сосед кој вели: „македонскиот јазик е балканско есперанто“ да го прочита Блаже Конески и од него има што да научи, а на Заевата есперанто влада во Македонија која воопшто не реагира на ваквите изјави со неточна и навредлива содржина, да собере храброст и да се бори за националните и стратешките интереси – порачува Мицкоски