Дачиќ: Ако Југославија ги раздвојувала, што чекаат, Југославија ја нема 29 години

0
121

Претседателот на српското националното Собрание, Ивица Дачиќ, во гостување на телевизија Пинк оцени дека премиерот, Зоран Заев, не е политички незнајко и дека дел од неговите изјави во однос на бугарија биле во насока да обезбеди согласност на Софија да почне преговори со унијата.

-Јас не знам дали нашата јавност воопшто е запознаена со тоа што точно Бугарија бара. Тоа се нивни билатерални односи. Нас тоа не не интересира. Но немојте да ми ја прогласувате бугарската окупација за административна управа. Бугарската окупација беше дел од Хитлеровата коалиција. Барем ние кои живееме на југот на Србија знаеме колку беа тешки бугарските злосторства. Тоа не било, како што кажа Заев, административна управа. Тие со тоа плукаат на својата антифашистичка борба. А тоа дека Југославија ги раздвојувала од Бугарија, еве нема веќе Југославија, па што сега ве раздвојува.

Тие ако толку сакаа да се прегрнат не би чекале до 2020 година, туку во 1991 година веднаш, бидејќи Југославија толку ги раздвојувала, веднаш би побрзале во прегратка, изјави Дачиќ.