Економско–социјалниот совет е за прогласување недела за неработен ден

0
86

За одлуката недела да биде неработен ден и како таа да се преточи во законско решение денеска разговараше Економско-социјалниот совет со кој претседаваше министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Со цел да се слушнат сите мислења и ставови на присутните членови од Сојузот на синдикати на Македонија, Организација на работодавачи и владините претставници се отвори широка дискусија на која беа слушнати различни мислења во однос на ова прашање.

Од Министерството информираат дека од страна на присутните членови на ЕСС-одлуката недела да биде неработен ден била позитивно оценета.

„Но, исто така се констатираше и дека исклучоци од оваа одлука треба да има и да се однесува на оние дејности кои се оценети како работа во специфичен работен процес, односно нивното функционирање не смее да застане. Тука беа посочени индустриите и производството кое мора да има континуитет и дејностите кои се од витално значење за граѓаните, како здравството, полицијата, противпожарната служба и други“, се наведува во соопштението.