Епископот Давид, кој служеше на погребот на патријархот Иринеј , заразен со корона

0
210

Епископот Крушевачки, Давид, е заразен со коронавирус и е хоспитализиран во КБЦ „Д-р Драгиша Мишовиќ“, потврдено е за Радио телевизијата на Србија.

Вчера, епископот Давид беше дел од погребната церемонија на патријархот Иринеј во храмот Свети Сава .

Како што е потврдено за РТС, владиката Давид е тестиран по погребот на патријархот и наодот бил позитивен.

Тој нема пневмонија, а поради симптомите на кашлица бил сместен во КБЦ „Д-р Драгиша Мишовиќ“.