Заев го посочи Груевски како главен организатор на насилствата во Собранието на сведочењето за 27 април

0
65

На денешното сведочење за насилствата во Собранието кои се случија на 27 април 2017 година, како сведок беше повикан и премиерот Зоран Заев.

Прашан за случувањата тој ден, Заев истакна дека не мисли дека главни осмислувачи и организатори на настаните се Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и другите присутни.

„Според мои сознанија овие луѓе се изманипулирани од главниот организатор Никола Груевски. Како човек жртва на тој настан, сметам дека бев прв таргет на група со цел да одзема животи. Ова го кажувам, затоа што бев секој ден во Собранието и знам што се случувало,“ рече Заев.

Во однос на водењето на конститутивната седница Заев рече дека не може да даде забелешки.

„Се сеќавам на седницата и не можам да изразам забелешка дека на некој пратеник му било скратено деловничко правото на збор,“ додаде Заев.