Јаневска: За да се избегне пикот на пандемијата зимскиот распуст на учениците да почне од 15 декември и да трае до 21 јануари

0
117

Состојбата по училиштата и градинките станува крајно загрижувачка. Секојдневно имаме заразени наставници, цели паралелки во изолација, превозници што не ги почитуваат протоколите…, со еден збор, – класично уназадување на генерации на деца, дури и на оние кои штотуку го започнале своето образование, истакна на денешната прес-конференција доктор Весна Јаневска.

Таа посочи дека околу 10.000 ученици во оваа земја следат настава на опционален начин. Огромен број не следат настава, воопшто.

-Епидемијата беснее, но не колабира само здравството, колабира целиот системот. И образованието е на раб на целосен колапс.

Еве неколку примери:
– Во една познатата Скопска гимназија масовно се забележуваат отсуства на професори, а учениците не следат настава, не по нивна вина. Вешто се кријат причините за отсуствата, дали наставниците се во самоизолација или се позитивни, родителите не знаат, ниту пак нивните колеги. Оправдувањето е дека нема насоки од МОН. Иако треба учениците да се оценат до 20-ти, никој не знае како ќе се спроведе истото.

– Повеќе основни училишта во општина Аеродром не функционираат и наставниците и учениците се во самоизолација заради позитивни наставнички, но никој не знае да им каже ниту на родителите, ниту на децата до кога и зошто, кога „ протоколите перфектно се спроведуваат„?
– Што се случува со училиштата во Штип? Власта уште сака да оди на избори кога имаме над 2000 заразени месечно и над 20 мртви дневно?- Како очекувате наставниците да ги оценат децата до 20.11 кога истите тие деца немаат можност да следат настава, а и тие што ја следат, имаат настава со низок квалитет, некаде еднаков на нула, а некаде и воопшто немаат настава. Квалитетот на интернетот е лош и затоа тоа го кажувам да не бидам погрешно разбрана, воглавно заради квалитетот на интернетот и заради заразеноста и на наставниците и на учениците со КОВИД 19 вирусот.
– Дополнително, решенија за самоизолација скоро и да не се издаваат. Се кријат бројки на заболени наставници и директори ,а позадината на тоа на сите ни е позната, образовниот процес по секоја цена мора да е успешен, вели таа.

Јаневска истакнува дека има вакви случаи во скоро секое второ училиште, во секоја општина во државата.

-Во оваа држава, никој за хаосот не чувствува никаква одговорност, а наставниците очајно бараат заштита и за себе и за своите ученици. Поради сѐ ова и поради она што не се очекува, односно стивнување на епидемијата во скоро време, предлагаме, зимскиот распуст да започне од 15 декември 2020, а да заврши на 21.01.2021, ден понеделник. Така, учениците и наставниците би го избегнале пикот на епидемијата, кој нема веќе реден број, а министерката ќе има време и да го слушне гласот на наставниот кадар, родителите и учениците и да конечно да преземе нешто. Министерке, преземете одговорност, доста беа театри и паради, време е за вистинска помош од ваша страна, нагласи Јаневска.