Пожар во приватна болница во Турција , 8 починати

0
92

Новинската агенција Анадолија објави дека пожарот избувнал кога експлодирала боца со кислород во одделот за интензивна нега во приватната универзитетска болница „Санко“ во Газиантеп.

Агенцијата наведува дека жртвите во несреќата биле на возраст од 56 до 85 години, како и дека 14 пациенти биле префрлени во други болници, пренесува АП.

Пожарот брзо бил ставен под контрола, а истрагата за овој случај е во тек.