Полицајка од Србија нашла новороденче во контејнер: Во вреќата нешто се мрдаше, извикав „еве го бебето, живо е“

0
173

Прво најдов крваво ќесе, пешкири и долна облека. Се беше натопено со крв, знаев дека има бебе негде во близина, а потоа на дното од другиот контејнер извадив црно ќесе кое беше врзано со чвор. Под прстите почувствував дека нешто се мрда, и тогаш извикав: „Еве го бебето, живо е“.

Вака за Курир.рс ја започна приказната 23-годишната Катарина Илиќ, полициска службеничка во Обреновац која заедно со Душан Марјановиќ, возачот на Итна помош и колегите пронашла бебе во контејнер и го спасила.

-Добивме дојава дека жена се породила и дека го фрлила бебето. Со екипата излегов на терен и таму затекнавме Брза помош. Една екипа отиде на петти спрат за да дознае каде се родило бебето, а јас со Душан почнав да пребарувам во контејнерот – рекла Илиќ и додала: -Пред зградата стоеја 4 контејнери. Во првиот пронајдов голема црна вреќа натопена со крв. Внатре имаше некои пешкири, долна облека, газа…Му реков на Душан дека овде било породувањето затоа што има многу крв.

Тогаш добилаповик од командирот, кој и рекол да оди во станот на семејството во кое ја испитувале мајката.

-Бабата промрморела дека бебето е во вториот контејнер. Истрчав од четвртиот спрат и продолжив да барам. На дното на контејнерот имаше црна вреќа во која нешто мрдаше. Извикав: „Живо е, живо е“.

-Го срвртев бебето на колена и почнав да го удирам за да почне да плаче и конечно почувствувал олеснување затоа што заплака. Не сакав да се одвојам од детето, па отидов со него во болница, рекла Катарина.

После херојскиот чин, паднала на колена и почнала да се смее и да плаче во исто време.

23-годишната Милја се породила во средата во станот на своите родители во Обреновац. Полицијата ја уапсила нејзината мајка поради сомнение дека внукот го фрлила во контејнер.