Прегазен пешак на магистралата Гостивар-Кичево

0
105

Од МВР информираат дека едно лице загинало во сообраќајна несреќа која се случила околу пладне на магистралниот пат Гостивар-Кичево.

„Во СВР Тетово, во 11 часот и 20 минути било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на потегот меѓу здуњска крстосница и наплатната рампа за Гостивар, товарно возило „миксер“ со гостиварска регистрација, што го управувало 52 годишниот Б.С. удрил во пешак А.М. на возраст од 31 година од Долна Бањица. Од повредите здобиени по ударот лицето починало на самото место“, соопштуваат од МВР.

За време на увидот што го вршеше екипа на ОВР Гостивар, сообраќајот на магистралата од патарина до здуњска раскрсница се одвиваше со регулирање. По увидот треба да станат појасни причините за несреќата и пешакот се нашол на коловозот.