ВМРО-ДПМНЕ: Забеганоста Заев до плафон, Владата ја користи како партиска канцеларија, партиски состаноци на државна сметка

0
103

Вистински скандал е што вчера во владата Зоран Заев направи партиски состанок со лидерите од својата коалиција „Можеме“ платен на државна сметка, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дополнително државните ресурси ги стави на располагање за партиските потреби одржувајќи состанок со лидерите на партиите од неговата коалиција. За настанот лидерите на самите партии преку своите ФБ профили известија дека се работи за коалицијата „Можеме“, а објектот е владата кој им припаѓа на сите граѓани. Што значи дека Заев приреди во време на изборен молк, партиски состанок на државна сметка, велат од партијата.

Додаваат дека, оттука нема друг премиер во Европа каде партијата ја поистоветува со државата.

-Заев, Владата ја претвори во партиско дувло. Дали во СДСМ има корона кластер па сега тој го префрла во просториите на владата? Каде има на друго место на владин трошок да се прават партиски состаноци? И од Владата треба да одговорат колку ги чинеше граѓаните оваа партиска журка? За самиот настан беше информирана јавноста преку владиниот маил што укажува на забеганоста на монархот Заев, стои во партиското соопштение до јавноста.