Заев најави пакети со економски мерки и за следната година

0
73

Мерката за субвенционирање на платите би можело да биде продолжена и во следниот период, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат.

Како што кажа тој, еден од клучните фактори при донесувањето на една таква одлука ќе ја имаат Синдикатите и Коморите.

„Ако коморите кажат дека таа мерка е добра и им треба ние ќе ја поддржиме. Ако кажат дека некои други видови мерки се поважни за нив…, затоа што според нашите очекувања првото полугодие од 2021 година ќе биде излез од оваа криза. Затоа е важно да се дискутира со нив“, рече Заев.