Полицаец повреден во карамбол на граничниот премин Табановце

0
72

Во петокот вечерта, околи 22,30 часот на автопат Табановце – Куманово, на Граничен премин Табановце, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „опел инсигниа“, со италијански национални ознаки, управувано од 47-годишниот А.Р. од тетовското село Желино, патничко возило „цитроен“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот Љ.А. од Куманово и патничко возило „фолксваген пасат“, со словенечки национални ознаки, управувано од 53-годишнот Г.И. од виничкото село Истибања.

Притоа, возилото „опел инсигниа“ удрило во кабина за пасошка контрола, во која се наоѓал полицискиот службеник Е.Ф..

Во незгодата, Е.Ф. се здобил со повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Куманово.