СНОПЧЕ ЗА ТВ 24: РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПОПИСОТ ВЛИЈААТ ВРЗ ПРАВАТА НА ГРАЃАНИТЕ

0
76

Пратеникот Халил Снопче од Алијанса на Албаниците во емисијата 24 анализа вели дека во самата комисија тие гласале за отпочнување на постапката на извршување на пописот и смета дека со тоа ќе добијат информации да се кројат развојните политики на државата и културолошки, етничките и демографските ентитети.

„Кај мултиетничките држави пописот е проблем, и Македонија наследила таков концепот и по инерција така и се однесуваме. Имаше тенденција да се тргне таа етничка компонентна како небитна, а тоа е битно. Ние сме на некој начин смешна држава и резултатите од пописот влијаат врз правата на граѓаните.“ – вели Снопче.

Смета дека може да излезе во некои општини прават да се изгубат или добијат во зависност од процентот на еден етникум во таа општина. Тоа покажува дека граѓаните права зависат од резултатот на пописот.