Целосно изгорени два автомобила кај Порта Влае

0
87

Во коплексот Порта Влае во понеделникот утрото се забележани две опожарени возила, пренесува Фактор.

Од фотографиите до кои ексклузивно дојде Фактор, станува збор за сериозни оштетувања кај автомобилите, односно тие се целосно уништени.

Засега нема информации кој е сторителот на еден ваков криминален чин во главниот град, ниту, пак кои биле неговите мотиви. Фактор пренесува дека во моментов очекува повеќе информации од Министерството за внатрешни работи.