Џамбаски ќе му го одзема бугарското државјанство на Милошоски?

0
107

Заменик-претседателот на ВМРО, Ангел Џамбаски, ќе поднесе предлог до владата како да им се дава бугарско државјанство на граѓаните на Северна Македонија, а наедно и како да им се одзема на тие што водат во антибугарската реторика и „го оцрнуваат името на Бугарија“. Во описот на Џамбаски медиумите го препознаа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, но неговото име тој не го потврди.

„Наредните денови ќе му испратам барање на претседателот да му се одземе бугарското државјанство на еден од најжестоките граѓани на Република Бугарија, со најжестоки антибугарски изјави. Човек за кој ние од организацијата бевме сведоци како ласкаше на панихидата на Тодор Александров, какви работи рече, што рече во Скопје и кога го поканив тука во Брисел. А, и присуствуваше на нашите настани, каков Бугарин беше“.Сега постојано плука по Бугарија, и јас ќе го замолам претседателот ова државјанство да му биде одземено, поништено. И веруваме дека во иднина секој што дозволува таква политика ќе биде лишен од бугарско државјанство затоа што тој не го заслужува тоа“, смета Џамбаски.