ВИДЕО | Скандал во Хрватска: Медицински сестри правеле забава во ковид болница

Хрватската телевизија РТЛ објави скандалозна снимка од забава којашто се случила во просториите на ковид болницата Дубрава. Имено, оваа снимка настанала на почетокот од овој месец, а до редакцијата на РТЛ стигнала преку вработена во болницата.

На забавата присуствувале дел од медицинските сестри, а на снимката се гледа дека танцуваат со жива музика, без да внимаваат на растојанието и без маски како заштита.