ВМРО-ДПМНЕ: Имотниот лист на државата е АСНОМ и референдумот од 1991 година, а Заев е шредерот кој го кине парче по парче имотниот лист

Пожарот, кој избувна синоќа по 23 часот во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица е изгаснат вчераутро, а на одредени места во внатрешниот дел, каде се сместени поголем број тезги и продавници се уште тлее и повремено се појавуваат мали пламени јазици.

Од тоа што можело да се забележи на местото на пожарот, изгорени се повеќе од десет продавници, внатрешниот дел каде е сместен пазарот и тезгите во најголем дел е изгорен, зафатен е супермаркет во внатрешноста, а пламените јазици зафатиле и делови до третиот кат од трговскиот центар.

Местото го обезбедуваат екипа на ТППЕ Струмица и внимаваат да не дојде до нов пожар и интервенира на местата каде се појавуваат пламени јазици.

Неколкумина сопственици на продавници и тезги само немо посматраа во објектот и не беа расположени да дават изјави.

За време на пожарот беше и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој рече дека материјалната штета е голема, а за среќа нема повредени. Според него, синоќа во гаснењето учествувале и противпожарни екипи од околните градови и возила на ЈПКД „Комуналец“.

Според очевидци, пожарот веднаш се проширил.

– Почна на почетокот од првиот дуќан и брзо се прошири. Мојот бутик е целосно изгорен и во него имаше стока од над 20 илјади евра – рече сопственик на бутик.

Местото на пожарот го обезбедува полицијата и приодот околу него е обележан со лента. Засега не се знаат причините за пожарот, во кој е причинета голема материјална штета.