Вучиќ: разгледуваме задолжителен воен рок во Србија

0
52

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, изјави денеска дека прашањето за задолжителна воена служба е покренато и дека ќе биде широко дискутирано во јавноста. „Постојат добри и лоши страни. Некои од лошите се дека објектите и храната ќе чинат над 70 милиони евра годишно“, рече Вучиќ, по презентирањето на резултатите од српската армија, додавајќи дека трошоците се поголеми ако на тоа се додадат приходите за војниците.