Кластер на нефрологија: Заразени се околу 20 медицински лица и пациенти

0
62

На Клиниката за нефрологија во моментот има повеќе од 20 медицински лица и пациенти заразени со коронавирус.

Директорката на клиниката ја потврди оваа информација за „Сител“ и нагласи дека нема конечна бројка на заразени со коронавирус поради тоа што се уште се чекаат резултати од анализите.

 

Клиниката за нефрологија веќе неколку месеци функционира како Ковид центар, а наводно има заразени пациенти кои ја посетувале клиниката за дијализа.

 

Се очекува наскоро Министерството за здравство да се огласи во врска со големиот број на заразени на клиниката.