Матурантите нема да протестираат, ама бојкотот нема да го прекинат

0
60

Матурантите нема да протестираат, но ќе продолжат да ја бојкотираат наставата. Ваква одлука денеска донесе Генералното собрание на Сојузот на средношколци.

 

Претходно денеска тие се сретнаа со пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. По средбата, претседателот на Сојузот, Бленди Ходаи побара поддршка од сите народни избраници за барањата наместо четири да полагаат два предмети.