Преполовен е бројот на лица кои се хоспитализирани со КОВИД 19 во Клиничката болница во Тетово

0
51

Преполовен е бројот на лица кои се хоспитализирани со КОВИД 19 во Клиничката болница во Тетово за разлика од пред еден месец. Од Ковид центарот, велат дека оваа бројка не значи дека состојбата со вирусот е стабилизирана.

И понатаму има доста пациенти кои се прегледуваат амбулантски. Има и такви со потешка клиничка слика, затоа што не дошле на време да побараам помош од лекар. Се очекува амбулантските прегледи да се зголемат во периодов што следи.

Координаторот на Ковид центарот во Тетово Д-р Гзим Нуредини, уште еднаш објасни дека вчерашните бројки на 11 починати лица од КОВИД 19 на тетовското подрачје се неточни, затоа што се работи за софтверска грешка и станува збор за починати лица за повеќе од една недела а не за само 24 часа.