Гужви пред Центарот за социјални работи Тетово за обнова на документите за трето дете 

Огромни гужви се сообираат пред Центарот за социјални работи Тетово каде деновиве се обновуваат документите за трето дете. Од раководството на оваа установа, велат дека гужвите во овој период од годината пред нивната институција се вообичаени и за таа цел работаат повеќе шалтери

Граѓаните кои не сакаат да зборуваат јавно, велат дека мораат уште рано наутро во 6 часот да се запишат на листа на чекање, за потоа кога ќе отвори оваа институција да може да се поделат бројчиња, за да бидат услужени по принципот прв дојден прв услужен. Но не сите корисници се услужени истиот ден. Има и такви кои доѓаат со денови за да ги обноват документите.