АХВ: Повлечена и уништена пратка од отровниот сусам од Индија

0
79

Како контакт точка за Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на ЕУ, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ)  добила три нотификации за увоз на небезбеден сусам по потекло од Индија, во кој е утврдено присуство на резидуи од пестицид – етилен оксид.

– По приемот првата нотификација во септември лани, инспекциските служби на Агенцијата, извршија вонредна контрола кај увозникот, а 280 килограми сусам се повлечени од промет и безбедно поништени на депонијата Дрисла. За вториот случај, на 6 ноември лани, направена била контрола во магацините на увозникот на сусам за нашава земја и било утврдено дека небезбедните лотови од производот, наведени во нотификацијата, не се најдени во магацините – појаснуваат од АХВ за „Слободен печат“.