(ВИДЕО)”Работи за мене и државата и полицијата! Ќе ве ставиме во киселина” – Насилник со остри и вознемирувачки закани во ЈСП кон патниците

0
301

На социјалната мрежа Twitter се појави видео во еден од автобусите на ЈСП каде што граѓанин се заканува на останатите патници кои го предупредуваат да стави маска на лицето. Лицето кое што очигледно не ги почитува мерките против КОВИД-19, предупреден од останатите патници во автобусот, видно вознемирено почнува да се заканува кон со зборовите: “Маска да немам, држава… да ти е*ам и Заев и државата да ти ја е*ам. Работи за мене и државата и полиција и алфите и се. Немој госпоѓо, ќе те носам у киселина ќе те топам, таму коска само да ти остане. Не знаеш со кого имаш работа”, вели насилникот на постарата госпоѓа во автобусот. Тој уште додава дека тој и патничката не се исти, дека тој припаѓа на верниците, а таа на неверниците. Веднаш по вознемирувачкото однесување, тој се обратил и ја нападнал девојката која што го снимила видеото. Ова е и верски инцидент на јавно место, токму за време на најголемиот христијански празник Божиќ. За овој вознемирувачки инцидент се очекува министерот за внатрешни работи да реагира според законите и прописите за да престанат ваквите малтретирања на граѓаните во автобусите на ЈСП кои се сѐ почести.
(ВИДЕО)”Работи за мене и државата и полицијата! Ќе ве ставиме во киселина” – Насилник со остри и вознемирувачки закани во ЈСП кон патниците