Уапсен угостител од Градец, но и агресивен гостин што не сакал да се легитимира

0
70

Две лица од гостиварското село Градец биле лишени од слобода откако по извршена контрола било утврдено дека во угостителски објект има гости по работното време. Едниот од нив одбил да се легитимира и се однесувал агресивно кон полицајците.

Од СВР Тетово информираат дека синоќа, 7 јануари, околу 21 часот, во гостиварски Градец, полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Б. А. (35). Во угостителскиот објект, чиј бил сопственик, по дозволеното работно време престојувале дваесетина гости.

При контролата едно лице негодувало и упатувало навреди кон полицајците, по што од него било побарано да се легитимира. При обид да се приведе давал отпор К. А.(24) од Градец и набрзо е лишен од слобода и задржан е во Полициската станица Гостивар за расчистување на случајот.