Во Тетово јавниот превоз за студенти поскап од билетот за вработените во Општината

0
117

Одобрувањето на ценовникот на Јавното сообраќајно претпријатие во Тетово ги судри советниците на власта и опозицијата. Опозицијата реагираше на одлуката месечниот билет за студентите да биде поскап отколку за вработените во Општината. Службениците ќе плаќаат по 450 денари месечно, додека студентите по 600 денари. Во Скопје билет за студентски превоз е бесплатен.

„Нема смисла вработените во Општина Тетово да плаќаат помалку од студентите кои не се вработени. Студентите дефинитивно треба да имаат поевтини цени од вработените во општина Тетово“, рече Ариф Селами, АА.

Од Јавното претпријатие Тетово транспорт, велат дека претходно е направен план за нормално фунцкионирање на градскиот превоз

Пред десетина дена во Тетово пристигнаа 5 градски автобуси кои градот ги чекаше со години, но за нив се уште нема возачи ниту пак отворен оглас за работа за останатиот персонал потребно за ова претпријатие.