Д-р Беќаровски за причеста со иста лажичка: Кога на 19 јануари ќе ви требаат белите мантили, а не црните мантии, ние ќе се „бањаме“

0
117

Директорот на Клиника за токсикологија д-р Нико Беќаровски се јави со жестока реакција поради вчерашното причестувањето на православните верници за празникот Божиќ, што е потенцијален ризик за ширење на корона вирусот.

-Сите вие кои вчера со едно исто лажиче по храмовите се причестивте, десетмесечниот деноноќен труд на белите мантили го обесчестивте.
Кога на 19 јануари ќе Ви требаат белите мантили, а не црните мантии, ние ќе се “бањаме” за да симнеме дел од потта под скафандерите и талкот под ноктите, напиша докторот на фејсбук.