Инфектолозите се соочуваат со пост- ковид проблеми

0
86

Речиси за половина е намален бројот на хоспитализирани, за една третина амбулантски прегледи, но во прилепската болница не препорачуваат опуштање поради релативно потсмирената ситуација со Ковид-19. Еден ковид оддел на гинеколошкото е затворен, а на четирите најголемиот број пациенти се на кислородна поддршка. Инфектолозите очекуваат некој пораст по 14-ина дена од празниците, што ќе покаже како се празнувало.

Инфектолозите се соочуваат со нова ситуација- пост ковид проблеми кај пациентите со дишењето. Сега се бара помошта на интернистите.

Токму за пациентите со потешка клиничка слика, стигна швајцарска донација преку нашинец кој живее и работи во Швајцарија, и поради пријателството со фирма за медицинска опрема, во прилепската болница стигнаа 20 респиратори- вентилатори кои ќе им помогнат со кислородната поддршка кај потешко болните. Оваа е прва ваква помош за Македонија од швајцарската фирма.