Како да се зема лекот „ивермектин“ и кој да го користи

0
76

Министерот за здравство, Венко Филипче, порача дека лекот „ивермектин“ треба да се зема само со препорака на матичен лекар.

Овој лек се покажал ефикасен во лекувањето на Ковид-19, истакна министерот за време на отворањето на модуларната болница во Кичево.

„Ивермектин“ од вчера e достапен низ аптеките во земјата.

„Ивермектин е навистина евтин за лек, за 5 евра се зема два и пол пати поголема количина од онаа која се снабдуваше во Грција. Водено тој е поефективен од Ремдесивир“, вели доктор Никола Пановски во вестите на Сител.

„Според упатството лекот се дава и превентивно, јас сметам дека е непотребно со тоа ќе се прави дома залихи. Тој треба да се користи од лицата кои треба да се заштитат или лицата кои веќе дознале дека се позитивни по тестот“, објаснува Пановски.