Мицкоски: Полицијата казнува на Водици, а не вистинските криминалци на улиците

0
93

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска реагираше за големото полициското присуство на вчерашното празнување на Богојавление на охридското крајбрежје и, како што вели тој, за пишувањето на казните.

„Полицијата ги казнува оние што чествуваат Водици, а ги остава вистинските криминалци да дивеат по улиците“, пишува претседателот на најголемата опозициска партија во дел од неговиот последен статус на Фејсбук.