Охриѓани се казнуваат за вчерашното славање на Богојавление

0
84

Десеттици граѓани на Охрид ќе добијат пријави за непочитување на здравстевните протоколи за време на одбележувањето на Богојавление во Охрид.

На 19.01.2021 година во времето од 07 до 15 часот, преземени се активности со цел доследно спроведување на мерките и препораките за заштита и превенција од ширење на Коронавирусот Ковид 19. Притоа, кај месноста „Сараиште“ на улицата „Цар Самоил“ во Охрид, забележана е поголема група граѓани по што, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување по зарвствени прописи за време на епидемија“, полициските службеници извршиле проверка на 49 лица. По целосно документирање , СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава. – соопшти попладнево СВР Охрид.

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ веалт дека ова преставува насилие врз граѓаните кое го врши власта

Традицијата е нашето дефинирање, а Водици нашиот корен. Но за жал од достоинствен, искрен и сосема краток настан во кој преовладуваа среќата и радоста власта непотребно создава нервоза. Апсолутно непотребно на сите капачи по излегувањето од езерските води им беа земани податоци од полициските службеници. Немаше никакво групирање и натпревар за фаќање на крстот чин кој беше завршен во црква, не постоеа турканици и немаше никакви непријатности, па според тоа за секаква осуда е насилието кон граѓаните од страна на власта. Народот нема да ги заборави двојните аршини на оваа ненародна власт. Селективното однесување на власта е крајно нечовечки и против македонската традиција. – велат од ВМРО ДПМНЕ.