Нови 302 заразени, починале 10 лица

0
55

Во последните 24 часа се направени 2.024 тестирања, а регистрирани се 302 нови случаја на Ковид-19 и тоа во следните градови: Скопје 165, Велес 14, Куманово 13, Охрид 12, Кавадарци 12, Тетово 11, Дебар 8, Струмица 6, Радовиш 6, Делчево 6, Гостивар 6, Штип 5, Прилеп 5, Битола 5, Демир Капија 4, Струга 3, Свети Николе 3 , Кочани3, Гевгелија 3, Неготино 2, Крива Паланка 2, Кратово 2, Кичево 2 , Дојран 2 , Ресен 1, Берово 1.

Во изминатото деноноќие регистрирани се 444 оздравени пациенти. Починале 10 лица. Девет пациенти се починати во болнички услови, еден пациент е починат во дом за стари лица во Скопје.