Нов земјотрес во Петриње во Хрватска

0
84

Земјотрес со јачина од 4,2 степени по Рихтер утрово во 7 и 50 часот го потресе регионот на Петриње и околината во Хрватска.

Потресот е почувствуван и во Загреб, но и во Бања Лука во БиХ.

Според Сеизмолошката служба на Хрватска епицентарот на земјотресот бил само 2 километри североисточно од Петриње. На 29 декември истиот регион претрпе разорен земјотрес во кој загинаа седум луѓе и урнати се многу куќи.

Денешниот земјотрес бил почувствуван и во Словенија.