Полицијата уапси 13 лица на две домашни забави во Скопје каде не се почитувале мерките против Ковид 19

0
67

Полицијата уапси 13 лица на две домашни забави во Скопје за непочитување на мерките за заштита од Ковид-19.

„Утрово во 02:45 часот, по добиената информација дека во стан на улицата„ Рајко Жинзифов во Скопје има гласна музика и не се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, полициските службеници врз основа на судска наредба, извршиле претрес во станот,сопственост на С.Г. (34) од Скопје. Во станот биле пронајдени сопственикот и К.Д. (33), Ф.Т. (25), С.С. (27), Е.Ј. (26), Е.Р. (35), Р.М. (29), Т.Т. (26), соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во истиот период, во координација со јавниот обвинител, полиција, во стан во улицата “ беа пронајдени пет лица кои правеле забава.

Сите 13 лица беа лишени од слобода и се испратени во полициската станица, додека по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена тужба според член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени правила за време на епидемијата“.