Проблеми за светскиот првак: Еден Данец има корона, со цимерот во – изолација

0
117

Данскиот репрезентативец Емил Јакобсен е позитивен на коронавирус, објави Светската ракометна федерација (ИХФ).

Според здравствените протоколи, Јакобсен заедно со неговиот цимер во хотелската соба се изолирани и нема да бидат дел од репрезентацијата која денеска игра против Бахреин.

– Жалиме за позитивниот тест на Емил Јакобсен, но во секој случај ние сме подготвени за вакво сценарио и ќе ги следиме нашите и протоколите на ИХФ – изјави спортскиот директор на Данска, Мортен Хенриксен.