Филипче: Првите вакцини е можно да стигнат на крајот на јануари или на почетокот на февруари

0
79

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека вчера со писмо е најавено дека првите вакцини од околу 833 илјади дози преку ковакс-механизмот е можно да стигнат на крајот на јануари или на почетокот на февруари.

Нашата земја би била меѓу првите што ќе ги добие вакцините преку овој механизам. Филипче, вели дека епидемиолошката состојба е стабилна и најави дека барањата за разгледување на олабавувањата на мерките за усгостителите по 21 јануари. Ќе биде разгледано на некој од следните состаноци на комисијата за заразни болести, инаку деновиве угостителите бараа да работаат до 23 часот. Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен најави дека Европската Унија ќе обезбеди дополнителни 300 милиони дози од вакцините на „Фајзер и Бионтек“, со што двојно е зголемен бројот на вакцини за ЕУ и нејзините соседи.