Четирикратно убиство во Хрватска, убиецот е најден мртов

0
103

Четирикратно убиство се случи во Хрватска, а убиецот е најден мртов.

 

Четирикратниот убиец од градот Шибеник е пронајден мртов, потврди хрватската полиција. Телото околу 19 часот е најдено покрај неговиот автомобил.

 

„Лицето за кое се сомневаме дека го изврши четирикратно убиство е пронајдено мртово покрај својот автомобил“, соопшти портпаролот на шибеничката полиција Симе Павиќ за ХРТ.

 

Познат претприемач од областа на Шибеник е убиен денеска во Водице, а околу половина час подоцна, уште тројца починати биле пронајдени во зграда на Јужната магистрала. Хрватските медиуми информираат дека причина за убиството е нерасчистени бизнис реалции меѓу убиецот и убиениот бизнисмен.