Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов вели дека Албанија треба да започне разговори со ЕУ затоа што е подобро подготвена од северна Македонија.
Тој тврди дека секогаш имало пријателство и соработка помеѓу Бугарите во Македонија и Албанците од Косово и Албанија.
„Востанието од 1913 година во Охрид, Струга, Дебар, Гостивар и други беше организирано од страна на Приштинскиот комитет и ВМРО. Постојат два договори меѓу ВМРО и Албанскиот комитет од времето на Тодор Александров во 1924 година и во 1928 година, од времето на Иван Михајлов. Од албанска страна се Хасан беј Приштина, К. Хадри, Бедри Пејани итн. „На бугарска страна се Тодој Александров, Петар Чаулев, генерал Протугеров“, рече Каракачанов
Тој додаде дека Бугарите се бореле заедно со Албанците против српскиот окупатор