Нов протест против сметките за струја

0
32

Група граѓани од Иницијативата „Доста е“ повторно излегоа на протест пред Владата против поскапувањето на струјата и високите сметки за електрична енергија. Револтирани се како што велат од игнорантскиот однос на Владата, на нивните барања. Граѓаните бараат намалување на ДДВ-то на струјата, зголемување на бројот на граѓани кои добиваат помош за излез од енергетска сиромаштија, отпис на стари долгови и камати за сметките за електрична енергија.