Протест на Автопатот Тетово – Гостивар, мештаните бараат да бидат ослободени од плаќање патарина

0
101

Специјална пропусница за поминување на наплатната рампа Тетово – Гостивар или изградба на алтернативен пат. Ова се двете барање кои денеска мештаните од Горно Седларце село оддалечено на околу 4 километри од Тетово ги побараа од денешниот протест кои го организираа покрај патарината од делницата Тетово – Гостивар.

Ако надлежните не ни ги исполнат барањата, тогаш ќе мора да преземеме порадикални чекори како блокирање на автопатот и слично, истакнаа мештаните

Инаку оваа делница е крајно небезбедна, со дупки на патот без доволно заштитна ограда каде бездомни животни често поминуваат и предизвикуваат сообраќајни несреќи. Па голем дел од возачите велат дека плаќаат, а не добиваат никаква услуга. При неодамнешната посета на Општина Тетово министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, истакна дека од наредната година ќе се започне со целосна реконструкција на оваа делница.