Таравари: Во Северна Македонија веќе постои колективен имунитет

0
43

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој е лекар по професија, истакна дека во Северна Македонија постои колективен имунитет и повеќе од половина од населението го поминало коронавирусот.

„Се надевам дека ќе се подобри, сите ние сакаме да имаме вакцини што е можно побрзо, иако проценувам дека веќе постои колективен имунитет во Северна Македонија. Повеќе од половина од населението во Северна Македонија го поминало Ковид-19. Скоро една десетина се претставија и се лекуваа во државните клиники. „Другите го поминаа дома затоа што имаа голема недоверба во системот“, рече Таравари.

 За него е смешно што досега нема пристигнато вакцина во нашата земја.

„Да не беше трагично, ќе беше смешно. Сепак, ситуацијата е трагична, од 1 ноември до крајот на јануари имаме 1500 жртви. Ние сме рангирани на 10-то место во светот за висока смртност и заразени во еден милион жители. Додека во другите земји околу нас сите веќе се вакцинираат, во Скопје има само фрижидери и програма за тоа како ќе бидат вакцинирани и ништо повеќе. „Смешно е што премиерот се подготвува да чека вакцини на границата,, рече Таравари.