Тачи и другите притворени од УЧК ,од Хаг ќе може да гласаат на изборите на Косово

0
34

Специјалниот совет, во соодветни законски рамки, ќе им помогне на затворениците да го искористат своето право на глас на претстојните избори“, прецизираа од тој суд.

Изборите во Косово се закажани за следната недела, на 14 февруари.

Од притворот во Хаг, тие ќе можат да гласаат: поранешниот претседател на Косово и поранешниот командант на ОВК, Хашим Тачи, како и лидерите на таа паравоена единица, Јакуп Красниќи, Кадри Весељи, Реџеп Селими и Салих Мустафа.

Тие се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото на Косово и Метохија во 1998 и 1999 година.

Право на глас од притворот ќе имаат и Хисни Гукати и Насим Харадинај, кои како претседател и потпретседател на Здружението на воени ветерани на ОВК, се обвинети за заплашување на сведоците со објавување на нивниот идентитет во јавноста.