Ахмети:Предвремени избори не се потребни, институциите се функционални

0
57

По настанот кој го организираше ДУИ по повод Денот на независноста на Косово, Ахмети рече дека во владината коалиција нема никакви проблеми, а институциите во земјава се фукницонални.

Од друга страна високи извори од ВМРО ДПМНЕ брифираат дека во моментов тие имаат поддршка од 61 пратеник, но во Собрание ќе покренат прашање за доверба на Влада, тогаш кога ќе обезбедат 65 пратеници, како гаранција дека нема да пропадне процесот на изгласување недоверба. Доказ дека Собранието е нефункционално за опозицијата се потешкотиите за кворум за одржување на седниците.

Власта пак ја отфрла можноста за предвремени парламентарни избори, но веќе во петок работни групи предводени од Министерот за правда Бојан Маричиќ и потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски ќе седнат на маса за измени во Изборниот законик. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека за нив е прифатливо да има една изборна единица доколку има цензус од три проценти. Во однос на локалните избори, за опозициската партија е прифатливо да се воведат и отворени листи, но со можност да се заокружи само една опција.

ВМРО ДПМНЕ инсистира да се почитува законската одредба локалните избори да се спроведат со електронски читачи на отпечаток од прст, во спротивно најавуваат можен бојкот.