Ахмети сè уште не се одлучил за Тетово! Арифи подготвена за трет мандат

0
64

Локалните избори, најверојатно, ќе се одржат на 3 октомври, како што соопшти денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Во емисијата 10 минути на ТВ21, Арифи не ја негираше желбата да биде на чело на Тетово

„Никогаш не сум рекла не на кандидатурата, но го оставив тоа прашање како одлука и анализа на политичкиот субјект што ја прави самата кандидатура“, рече Теута Арифи.

Го прашавме претседателот на ДУИ дали ќе се кандидира Теута Арифи на следните локални избори во Тетово.

„Сè уште не е покрената како тема поради вирусот и нема да биде доцна, бидејќи  се знае дека на 3 октомври, според спикерот на собранието, локалните избори ќе треба да бидат организирани “ , истакна Али Ахмети – претседател на ДУИ.