Блокирање на законот за клинички центар, Филипче: На граѓаните им треба нова Клиника

0
58

Предлог законот за изградба на новиот Клинички центар е блокиран со 2.000 амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Министерот за здравство, Венко Филипче, јавно ги повика пратениците од опозицијата да ги повлечат амандманите, кои, според него, не се конструктивни. Реагираше и СДСМ. Од оваа партија велат дека ВМРО е единствениот субјект што ги блокира сите важни прашања што се во интерес на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ може да биде единствената партија во светот што се спротивставува на државата и граѓаните да имаат нов клинички центар, прв во последните 80 години. Пречките на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе бидат поразени. Државата, граѓаните, здравствените работници ќе имаат нов модерен и функционален клинички центар – рече Дарко Каевски, пратеник од СДСМ.

Но, ВМРО не се предава и вели дека нема да го поддржат предлог-законот од разни причини. Според нив, изградбата на новиот клинички центар е основа за корупција и купување на граѓани пред изборите.