Полицијата е во потрага по Мијалков, се шпекулира дека е во бегство

0
77

Од вчера попладне полицијата е во потрага по Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, откако судот издаде решение за куќен притвор до изрекување на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина” на 26 февруари. Мијалков во овој случај е првообвинет, а обвинителката Ленче Ристеска во завршниот збор побара максимална казна.

Полицијата синоќа повеќе од три часа не можеше да го најде Мијалков, за да му го достави решението. Неофицијално, наредбата доаѓа за да се обезбеди присуство на Мијалков за пресудата за случајот „Таргет Тврдина“ закажана за 26 февруари, во петок, каде што тој е првообвинет

Шпекулациите кои се шират во јавноста е дека тој е бегство, но засега ниту една надлежна институција не може да ги потврди овие информации.

Пред хотелот „Мериот“ во Скопје кој Мијалков го пријави како адреса за извршување на мерката куќен притвор нема полиција