Вакцината на „АстраЗенека“ против ковид-19 не се препорачува за лица постари од 65 години

0
107

 

Вакцината на „АстраЗенека“ против ковид-19 не се препорачува за лица постари од 65 години, ”поради недоволни податоци за нејзината ефикасност во таа возрасна група, соопшти Јавниот институт за здравство во Франција.

 

– Сè уште немаме доволно податоци за лицата над 65 години. Се надеваме дека ќе ги добиеме овие податоци во следните недели, а во меѓувреме оваа вакцина ја препорачуваме за лица под 65 години, рече директорот на Јавниот институт за здравство, Доминик Ле Гулудец.