Гејтс се вакцинираше, откри кога ќе престане да носи маска

0
67

Милјардерот филантроп Бил Гејтс (65) ја прими втората доза на вакцина против корона, но тој рече дека, иако бил вакциниран, ќе продолжи да ги почитува епидемиолошките мерки како што е носењето маска.

„Сакам да бидам пример за другите“, рече Гејтс во интервју за апликацијата „Клубхаус“. „И покрај тоа што сте биле вакцинирани, сепак можете да ја пренесете инфекцијата“, додаде тој.

„Многумина се прашуваат кога ќе се вратиме во нормала, или барем да ги укинеме мерките како што се носење маска и физичко растојание. Само на крајот на пролетта или летото можеме да размислиме за значителна промена во однесувањето, ако бројките се добри“, рече Гејтс и додаде дека има намера да продолжи да носи заштитна маска и за време на есента, сè додека стапката на заразените значително не падне. На крајот на краиштата, додаде тој, „тоа не е страшна работа“.