Захариева: Не е точно дека Бугарија го оспорува македонскиот идентитет

0
53

Не е точно дека Бугарија го оспорува македонскиот идентитет. Ова е лага, вели бугарскиот министер за надворешни работи Екатерина Захариева во интервју за „зум.мк“.

„Го кажавме многу пати и вашите политичари го знаат тоа. Но, полесно е да се претстави пред македонското општество и европските политичари дека го оспоруваме вашиот идентитет. „Прашањето дали го оспоруваме идентитетот беше решено со чинот на признавање на независноста на Република Северна Македонија од Бугарија, како прва земја“, изјави Захариева.

Таа вели дека во Бугарија нема негативен став кон граѓаните на земјата и сака тие да останат такви.

„Секојдневните навредливи изјави, лаги против бугарската позиција и бугарскиот народ ги нарушуваат билатералните односи и може да доведат до промена на ставот на Бугарите“, додаде Захариева.

Захариева, сепак, смета дека сега односите меѓу двете земји „не се толку лоши“, затоа што Скопје и Софија разговараат, за разлика од периодот на поранешниот премиер Никола Груевски, кога, како што рече, „немаше состаноци“.